Украдени мртовци од гробиштата во Мелбурн (ВИДЕО)

Uncategorized

Австралиската полиција истражува можна врска помеѓу „сатански ритуал“ и кражба на човечки останки од гробишта.

Детективите велат дека на гробиштата Footscray во Мелбурн имало голем број предмети кои би можеле да се поврзат со такви ритуали, како што се распетие, свеќи и писма до сатаната, пишува CNN.

Првиот таков инцидент се случил ноќта меѓу четвртокот кон петокот, соопшти полицијата, кога од мавзолејот биле украдени човечки останки. Вториот се случил ноќеска на истите гробишта.

„Веруваме дека непознати сторители прво упаднале во мавзолејот, а потоа украле човечки останки. Полицајците истражуваат дали овие инциденти се поврзани. Примарна цел на сторителите биле човечки останки, на тоа се концентрираме сега“, се вели во полициското соопштение. .

„Ова се случува многу ретко, не сме сигурни каква мотивација стои зад ваков чин“, изјавил инспекторот Бен Џарман за 7 News.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *