Доцна вечерва се случил тежок инцидент на улица “Крали Марко” во Охрид.
Како што неофицијално дознаваме, дошло до семејна расправија, во која малолетниот син го прободел 46-годишниот татко, со остар предмет, кој итно бил пренесен на хируршкото одделение во охридската општа болница.
Според очевидци на местото на настанот има полициски екипи кои вршат увид.

