УКРАДЕНИ ПАРИ ОД ИКОНИТЕ И КАСАТА НА ЦРКВАТА „СВ. ИЛИЈА“ ВО ЈАСТРЕБНИК

21.01.2022 – Ограбувањето на православните храмови во Кочанско продолжува. Не помагаат апелите на црковните лица и на членовите на црковните одбори, ниту пак мерките што се преземаат да се спречи таквата појава.

Во четвртокот околу полноќ непознат крадец или група крадци ја „посетиле“ црквата “Св. Илија“ во маалото Старо Село, во планинското село Јастребник. Притоа пребарани се местата каде што вообичаено се чуваат парите и одземена е извесна сума, а сторителот незабележано си заминал.

Кражбата била констатирана изутрината, по што претседателот на Црковниот одбор, Николчо Николов ја пријавил во полиција.

Од направениот увид на лице место, констатирано е дека се одземени парите што деновиве, по повод празниците, биле оставани на иконите, а исто така кражба е извршена во црковниот мебел во кој имало пари наменети за потребите на црквата. Крадецот до црквата најверојатно дошол со моторно возило, со оглед дека се забележани траги на просторот наоколу.

Според Николов, за само два месеца ова е втора кражба во истиот верски објект во Јастребник, при што и претходно биле украдени пари.

Неодамна во регионот имаше пријава за сличен вандалски чин во манастирот „Св. Богородица“ кај селото Чифлик, при што беше искршена влезната врата на верскиот објект.

До сега не е откриен сторителот или сторителите на кражбите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*