На битолската улица „Љубојно“ вчера во претпладневните часови, А.Ч.(26) од битолското село Црнобуки, управувајќи товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварска регистрација, изгубил контрола и удрил во куќа.
Како што информираат од МВР, во несреќата возачот се здобил со тешки повреди констатирани во Клиничката болница во Битола.


