Во три министерства предводени од ДУИ распишани огласи за над 220 вработувања

Бројните критики за зголемувањето на бројот на вработени во јавната администрација, која и онака дава лоши услуги не се намалува. Негативните оценки за нејзината работа стигаат како од домашните експерти така и од надворешните фактори, меѓудругото, во оценката добиена од Извештајот за напредок на Р. Македонија, од страна на Европската комисија, таа е оценета прилично критички и негативно.

Негативните оценки добиени и од Европската комисија и од експертската јавност, не им пречи на кадрите од ДУИ, кои речиси целосно автономно раководат со министерствата со кои управуваат, да го зголемуваат бројот на вработени. Изминатиот период, во само три министерства предвони со Министер од редовите на ДУИ, се распишани огласи за вработување на повеќе од 220 луѓе.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е апсолутен рекордер по бројот на лица што планира да ги вработи. Расорот што го предводи вицепремиерот Артан Груби, кој не редко во критиките од опозицијата е нарекуван „Премиер“, распишал оглас за дури 166 вработувања. 83 од овие вработувања треба да бидат помлади соработници за унапредување на употребата на јазиците на етничките заедници, коишто ќе работат за плата од 22 илјади денари месечно. Уште 83-ца треба да бидат помлади соработници за превод, лекторирање и редакција, исто така, за плата од 22 илјади денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*