Бранко Цветковски од скопско Волково е самохран татко на седумнаесетгодишно дете со посбени потреби. Животот не го милувал.
Најпрво останал бес својата жена а потоа и без работа, а сега и без својот дом, кој бил опожарен пред два месеци, а сега е под отворено небо со своето дете.
Овој човек животот не го милувал воопшто, му задал многу у дари. Се оженил пред 20 години а за жена му вели дека таква повеќе не би се родила.
Сега е препуштен заедно со својот син Бојан на ми зерен живот во голема сиромаштија и без покрив над главата, а својата приказна ја раскажуваат пред камерите на ,,Срце на Дланка”
– Овде живеам долги години, живеев со жена која повторно не би се родила, се викаше Латинка, ја изгубивме неа а тоа беше голем пресек за мене и за детето.

– Бојан е седмомесече, тој се разбира но неможе да зборува оди во училиште за деца со посебни потреби. Го носам и го чекам таму бидејќи е далеку.
– Имавме некој работи, но по тоа што не снајде останавме буквално без ништо, домот се претвори во остатоци на кој само ќе се сеќаваме, вели Бранко.

– Јас бев во улилиштето со детето, се вратив овде беа сите служби и имав што да видам, се се срамни со земја, а од тогаш никаква помош.
– И ми кажаа дека причина за немилиот настан било тоа што стаорец изгризал некој кабел. Се што сум створил замина во неповрат, нема ни за леб сега.
повеќе на klaster.mk

