Рагбито е спорт кое е исклучително популарно во Англија, во неколку останати европски држави, пред сè Франција, како и во речиси сите делови од Велика Британија и нејзини колонии, но во Македонија тоа е нешто за кое апсолутно никој не се интересира.
Но, тоа не спречи група ентузијасти во далечната Австралија во мај годинава да го формираат тимот Македонска рагби лига, чија интенција е да прерасне во репрезентација која во догледно време би настапила дури и на Светскиот куп. Како што самите велат Македонците по потекло на седмиот континент, идејата родена во паб лесно би можела да биде преточена во нешто големо, за чие остварување, сепак, не е потребно само нивната добра волја и напор, туку и „благослов“ од официјалните спортски институции во нашата држава, секако кога за тоа ќе дојде време.
https://www.facebook.com/watch/?v=1005510623352369&t=0
Дека работата е сериозна, говори фактот што пред неколку дена за селектор на оваа „репрезентација“ е поставен Шејн Фленаган, 56-годишен тренер со огромно искуство од најсилната австралиска рагби лига, а за негов помошник, пак, е именуван Пол Гален, исто така австралиски рагби шампион. Тие веќе сериозно работат со неискусните момци кои се дел од Македонска рагби лига тимот, какво што е во моментов официјалното име на клубот-репрезентација, со желба тие да дојдат до потребното ниво да се борат за учество на СК 2022 година.
https://www.facebook.com/watch/?v=222284400008787&t=0
За таа цел, месецов жолто-црвените од Австралија ќе одиграат три пријателски средби и тоа против селекциите на Виетнам, Филипини и Тајланд. А, дека целиот проект не е наивен, говори и прилогот што неодамна го направи реномираната Фокс Спорт телевизија, каде што се говореше за репрезентацијата на Македонија и нејзината желба за настап на СК 2022.

