Наставата во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир е прекината – пет деца од загинатите се од училиштето

Пет ученици од ОУ „Исмаил Ќемали“ што се наоѓа во скопски Чаир, загинаа во автобуската несреќа во Бугарија, и сите деца биле од исто семејство.

Неофицијално, како што објави Алсат телевизија околу 15 лица од нивната фамилија биле на одмор и сите починале.

Од петте починати деца, најмладото било второ одделение, а најстарото деветто.

Според информации на Алсат, основното училиште „Исмаил Ќемали“ веќе ја прекинало наставата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*