Пецаков: Службените возила од денес нема да може да се користат по завршување на работното време

Во насока на зголемување на ефикасноста и економичноста, донесовме одлука, Општината и јавните претпријатија да го регулираат користењето на службените возила, објави градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков на неговиот профил на Facebook.

– Тоа значи дека, од денес, службените возила нема да може да се користат по завршување на работното време, односно, ниту јас како градоначалник, ниту секретарот на Општина Охрид, директорите на јавните претпријатија или било кој друг вработен ќе имаат право службените возила да ги користат вон работно време. Во текот на работното време возилата ќе може да се користат исклучиво за извршување на редовни службени активности по претходна добиена согласност од овластеното лице, а после завршување на патувањето тие се враќаат на паркингот од јавното претпријатие или Општина Охрид, информира новиот градоначалник на Охрид д-р Кирил Пецаков. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*