Нашинка стана првата жена шеф на полицијата во Австралија (ВИДЕО)

Катарина Керол, со моминско презиме Бошњак, чии родители се од Љубушко во Босна и Херцеговина, застана на чело на полицијата во Австралија. Фактот што потекнува од Балканскиот полуостров и што е првата жена на оваа позиција е посебна сатисфакција за жителите на Австралија кои потекнуваат од поранешните Југословенски простори.

Катарина Керол беше избрана за полициски комесар на една од шесте австралиски држави, Квинсленд. Тоа е највисоката полициска позиција во земјата.

-Привилегија и чест е да се биде избран за комесар. Јас ќе дадам сè од себе во следните пет години за да ја зачувам безбедноста на оваа прекрасна земја рече Катарина Керол, која е во полицијата уште од 1983 година.

Таа е првата жена во 155-годишната историја која ќе биде на чело на државната полиција, а во моментов е комесарка на Пожарникарската и итна служба на Квинсленд, додека новата функција официјално ќе ја преземе во август 2019 година, според порталот „Кликс“.

https://www.facebook.com/7NEWSBrisbane/videos/419792912155062/?t=0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*