Од утре за влез во објекти е потребен сертификат за примени две дози на вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.
– Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. само со колективен имунитет може да го победиме вирусот, се наведува во соопштението од министерството.
Министерот Филипче сепак најавува дека ке предложи да се воведат уште порестриктивни мерки


