Глен Де Врис – човекот кој со Безос леташе во вселената загина во авионска несреќа

Uncategorized

Глен Де Врис, бизнисмен кој минатиот месец бил во вселената со компанијата “Blue Origin” на Џеф Безос, загинал во несреќа со мал авион, објавиле американските медиуми. Авионот се урнал во округот Сасекс во Њу Џерси, а загинале Де Врис и Томас П. Фишер.

Полицијата објавила дека отворила истрага.

“Скршени сме поради вестите за заминувањето на Глен Де Врис. Тој внесе толку живот и енергија во тимот на “Blue Origin” и меѓу другите членови на екипажот”, напишала на Твитер таа компанија.

“Неговата страст за авијатичарството и неговата хумана работа и посветеноста за оваа вештина долго ќе бидат почитувани и ценети”, се додава во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *