Откако пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, најави повлекување на својот потпис од иницијативата за изгласување недоверба на Владата на Зоран Заев, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, објави дека уште двајца пратеници ќе ја поддржат интерпелацијата, пренесува Експрес.
„Ќе ни се придружат уште двајца пратеници за изгласувањето недоверба на Владата. Нивните имиња ќе ги дознаеме деновиве“, изјави Таравари во дебатна емисија на Клан Македонија, во која учествуваше и Изет Меџити од ДУИ.
„Оваа корумпирана влада создаде многу незадоволство во своите редови“, нагласи градоначалникот на Гостивар, додавајќи дека „токму тоа доведе двајца пратеници од сегашната влада да се приклучат на новото мнозинство“.
Извор: Експрес


