Ахмети не верува дека Беса ќе ја напушти Владата

Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека Беса нема да ја напушти Владата, зашто таквиот потег нема да биде од полза на таа партија.

Коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа дека поради одлуката за прегласување на изборите за градоначалник во Желино можно е партијата да ја напушти владината коалиција, Ахмети вели дека нема потреба да се врши притисок врз институциите и дека треба да се почитува одлуката на ДИК за прегласување на едно избирачко место во Желино.

– Нивните изјави може да се разберат како еден вид притисок врз владејачката коалиција, но коалицијата нема да биде оштетена од таквите изјави или слични притисоци. Пред сѐ, тоа не е добро затоа што тие изјави значат притисок врз институциите кои мора да го спроведуваат законот, рече Ахмети во изјава за Алсат.

Изјавата на Ахмети, следи откако Хоџа рече дека ќе ја напушти министерката функција откао се прифатени приговорите за изборите во Желино, каде ќе се прегласува.

– Желино, место во кое се роди една партија (Движењето Беса), може да биде и Желино кое руши влада, напиша Хоџа во објавата на Фејсбук.

Тој денеска на прес-конференција рече дека си заминува од Владата без разлика од исходот на разговорите на неговата партија кои се водат денеска и утре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*