Лицата се вработени на Обединетите нации, за кои Македонија обезбеди привремен престој до нивно заминување до трета државата. Откако допатуваа како и до сега стручните лица спроведоа безбедносни проверки и ПЦР тест.
За дел од бегалците и нивна социјализација се грижи Црвениот крст. Од таму велат дека се работи за топли луѓе и им се допаѓа третманот кој што го добиваат од хуманитарните организации. Секојдневно имаат работилници за деца соодветни на нивната возраст, за повозрасните има активности за рекреација, екскурзии и активности за психосоцијална поддршка, бидејќи на дел од лицата семејството сеуште е во Авганистан.
Инаку, во земјава во моментов престојуваат 531 авганистанец, за кои институциите обезбедуваат потребна поддршка и помош, додека 84 граѓани веќе заминаа од Македонија до Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил, земји кои што им обезбедија траен престој.


