Речиси една милијарда долари собрани за обновување на Нотр Дам


Речиси една милијарда долари се собрани од верници и моќни деловни магнати ширум светот за обновување на катедралата Нотр Дам во Париз.

Едно од главните обележја на француската метропола, катедралата Нотр Дам стара 850 години е оштетена од катастрофалниот пожар што избувна пред два дена.

 Градежни тимови утрово поставија голем кран и испорачаа дрвени плочи во близина на катедралата.

 Стотици луѓе се собраа синоќа на молитва во близина на катедралата, палејќи свеќи и пеејќи верски песни од црквата Сен Суплис.

 На собраните луѓе им се придружи и оркестар кој свиреше пред статуата на Дева Марија.

 Поддршка за Нотр Дам испрати и папата Франциск, во обраќањето на плоштадот Свети Петар.

 Папата рече дека се надева оти напорите за реставрација би можеле да бидат хармонично дело на пофалба и слава на бога.

 Францускиот претседател, Емануел Макрон, пак, изјави дека катедралата Нотр Дам, ќе биде обновена и дека има многу работа што претстои. Тој им се заблагодари на пожарникарите, донаторите и полицијата за безрезервната помош.

Ќе ја изградиме катедралата Нотр Дам и ќе ја направиме уште поубаво.  Верувам дека тоа ќе го направиме за пет години.  Сигурен сум дека ќе го направиме тоа и ќе се мобилизираме.  Вистински мислам дека од нас зависи дали ќе ја надминеме оваа катастрофа, рече францускиот претседател Емануел Макрон.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*