Девет компании се јавија на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК Битола за дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции. Понудите ги исполнуваат бараните количини од 900 илјади тони јаглен.Понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен од два домашни рудници, потоа од фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција.Следува техничка евалуација, односно проверка дали понудениот јаглен ги задоволува минимум техничките карактеристики, по што ќе се прави економско-финансиска евалуација на понудите.Што се однесува до јагленот за ТЕЦ Осломеј од првиот повик за набавка, се очекува во понеделник да се официјализира изборот на понудувачот на 300 илјади тони јаглен и да се потпише договор, по што веднаш ќе започне испораката со динамика предвидена во договорот.Исто така, АД ЕСМ е во постојана комуникација со Владата на Р. Северна Македонија и со ТЕЦ Неготино со цел стартување на термоелектраната, со поддршка на АД ЕСМ.
ДЕВЕТ КОМПАНИИ ДОСТАВИЈА ПОНУДИ НА ЈАГЛЕН ЗА РЕК БИТОЛА, ПОНУДИТЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ БАРАНИТЕ КОЛИЧИНИ
Без вaкцинација, со документ за прележаност до 9 месеци можеш да патуваш во ЕУ, кај нас во кафиќ на тераса не смееш да влезеш ако минале 45 дена
Професорот, познатиот микробиолог д-р Никола Пановски, ги коментира владините мерки против коронавирусот. -Со документ за прележаност која се случила не […]
ПОВИК ДО МАКЕДОНЦИТЕ И АВСТРАЛИЈЦИТЕ ЗА ПОМОШ НА ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ “МАКЕДОНИЈА ЈУНАЈТЕД“
24 јануари 2026 година, Мелбурн, Австралија – Светскиот Македонски Конгрес – Австралија (СМК-Австралија) како организација посветена на застапување и поддршка […]
Американец заедно со Русите се бори во Украина
На Твитер се појави видео од Американец од Тексас кој се приклучил на руската војска во Украина. -Овие момци се […]
Наставниците ќе останат без плата: НЕМА ПЛАТА – да си барале од СОНК
На вработените во образованието и во детските градинки кои штрајкуваат државата ќе им исплати само придонеси, порача министерката за труд […]