Минатава седмица во Спортскиот центар “Илинден“, Рокдаел Илинден официјално го промовираше тимот за претстојната сезона во 2020 година. Вечерта имаше и презентација на новиот фудбалски дрес, на првиот тим и на младинските екипи со спонзорите што ќе ги имаат на маиците.

Меѓу присутните беше и Саш Петровски од Smartline Home Lending Centre во Bexley, долгогодишен спонзор и поддржувач на клубот, потоа Пол Петровски и многу други.
Сезоната во Националната премиер лига на НЈВ започнува за нашиот клуб со првата средба на Спортскиот центар “Илинден“ во недела, на 1 март, против Манли Јунајтед со почеток во 16:30 часот. 

Leave a Reply