Познатата и се побарана водителка Викторија Петровска ќе биде лице на јубилејното издание на едно од најгледаните музички шоуа кај нас – „ИмаТ немаТ“. Настанот ќе се одржи на 17 јули во срцето на Охрид, на платото пред хотелот Палас, каде се очекува присуство на илјадници посетители.
Викторија, која паралелно работи на неколку телевизии во Скопје, е веќе добро позната по нејзината харизма и професионализам, а во последно време е сè почесто ангажирана и за водење различни културни и музички манифестации низ целата држава.
Овојпат „ИмаТ немаТ“ ќе има малку поинаков, концертен формат. Публиката ќе ужива во настапите на дваесет учесници, меѓу кои и најпопуларните фолк ѕвезди од Македонија. За хуморот ќе бидат задолжени актерот Жанко ЗШ и неговиот сценски партнер Тетинот, кои ќе внесат дополнителна доза смеа и забава.
Програмата ќе биде збогатена со звуците на старата добра македонска музика, која секогаш буди емоции и носталгија кај публиката.
