Време е за масовен концерт – Орце Стевковски Царот заслужува 500.000 публика!
На социјалните мрежи последниве денови се шири иницијатива која може да прерасне во вистински народен настан: масовен концерт на фолк пејачот Орце Стевковски – Царот. Под мотото „Ако може Томпсон, ако може Цеца – може и Орце!“, љубителите на македонската песна бараат спектакл што ќе обедини народ од цела Македонија.

Идејата не е наивна. Хрватите имаат Томпсон, Србите Цеца. А ние? Ние имаме поавтентичен, поискрен и поблизок до народот пејач – Орце Стевковски. Не само што не е дел од мейнстрим медиумите, туку неговата популарност е целосно органска – изградена од народната љубов, споделувања и срце.
Вчера, Орце го прослави својот роденден. Само на една објава доби над 660 коментари. Тоа не е мала бројка. Тоа е показател. Народот го сака Орце – без скандали, без маркетинг, без позадикулисни игри. Тој е гласот од маалото, срцето на фолкот, човекот со песна која се пее на слави, свадби, празници и во тешки денови.
И токму затоа заслужува свој масовен концерт – не заради реклама, туку заради вистинска енергија што обединува. Замислете само: 500.000 луѓе со раце во воздухот на концерт на Орце. Сцената полна со македонски знамиња, атмосфера како на финале од светско, а на бината тој – Царот од Неготино, со микрофон во рака, ја пее „Убава Калина“, „Царот Неготински“, „Од каде дојдовте“…
Можеби некој ќе каже дека ова е идеалистички. Но, ако не сонуваш – никогаш нема да направиш нешто големо. А Орце не само што сонува, туку и ни посакува среќна нова година со зборовите „да си најдеме швалерка“ – изјава која само цар може да си дозволи. Нешто што ни Томпсон не би се осудил да го каже.
Затоа, време е да се обединиме. Концерт на Орце – за Македонија, за музиката, за народот!

Leave a Reply