Јасмин Идризовиќ 26 годишен стоматолог од Скопје е победник во третата сезона на македонското талент шоу.
Ова е одлуката на стручната жири комисија во која беа фантастичните артисти, македонскиот вокален осмијум Анета Љумаковска, Владо Пупиноски м-р по музика и Мендо Ташкоски м-р по музички науки.
Одлуката беше едногласна, а се базираше на настапот на учесниците во текот на сите кругови во оваа сезона. Сезона која откри силни пеачи , кои допрва треба да ја освојат сцената и публиката.Од нивните настапи и вокална еволуција од круг во круг , доколку работат сериозно , ветуваат многу. Тоа е и целта на ИН продукција како организатор и реализатор на шоуто. Преку откривање на таленти со кои ќе се работи да се создаваат нови македонски пеачи и песни, да се негува и сака мајчината музика. Финалето се одржа на летната сцена на ИН ТВ , во прекрасен амбиент непосредно до Охридското езеро. Публиката која беше присутна на снимањето имаше можност да гласа за еден од финалистите.
Што значи Јасмин Идризовиќ ке сними 2 песни. Радоста по победата кај симпатичниот стоматологот беше голема , на прашање на водителката да одбере да отпее нешто по негов избор тој беше потполно збунет и возбуден Како културно воспитано момче се заблагодари на сите кои тоа го заслужуваат и гордо го крена симболичното признание , статуетка со ретро микрофон на која пишува победник.
Leave a Reply