Во сабота големото финале 14 финалисти …само еден победник

Третата сезона од македонското талент шоу уште еднаш по кој знае кој пат потврди дека во нашава Македонија има таленти кои со своите гласовни способности , освојуваат и ветуваат. Иако се непознати, неоткриени сепак силни грла кои имаат ист сон, сцената и песната да бидат нивна среќа, иднина, живот. Настапуваа по азбучен ред: Андреј Грковски, Армин Ајроски, Благица Велјановска, Викторија Стојаноска, Горјан Ристов, Јасмин Идризовиќ ,   Кристијан Пешовски  Кристина Јованова , Лоренцо Трајановски, Онур Беќироски, Стефан Младеновски, Тамара Ристеска, Христијан Алексоски и Шеип Исакоски. Големото финале беше можност за сите нив да ја покажт својата најдобра варијанта како идни артисти. Жири комисијата во која блескаше нашата музичка икона Анета Љумаковска, заедно со врвните мајстори на својот занает м-р Владо Пупиноски и м-р Мендо Ташкоски имаа претешка задача , но решлива. Ин продукција на својата летна сцена ја анимираше публиката која можеше да гласа за својот фаворит. Но победникот и првите пермина ги избра стручното жири. На првите тројца тимот на ИН продукција , поточно водителката Анита Даева како текстописец и Бојан Здравески како композитор ќе работат на песните на најдобрите а, продуцентот и првиот човек ма ИНТВ Ване Петкоски ќе им направи видео записи . Гости на финалната емисија беа најактивните финалисти од втората сезона на македонското талент шоу, Благојче Тодоровски и Теодор Богојевски. Беше тоа вечер која долго ќе се помни, а кој победи гледајте во сабота премиерно на ИНТВ во 14.00 часот.

Шеип Исаковски


Христијан Алексоски

Тамара Ристеска

Кристијан Пешовски

Стефан Младеновски

Онур Беќироски

Кристина Јованова

Јасмин Идризовиќ

Викторија Стојаноска

Горјан Ристов

Армин Ајроски

Андреј Грковски

Благица Велјановска

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*