
Токму оваа насловна нумера која за кратко време достигна преку 100000 преглeди на Youtube е можеби причина плус кичевчанецот да се одлучи, токму сега, целиот свој авторски труд, секако во соработка со повеќе имиња од музичката сцена во Македонија, да го стави на ЦД, во соработка со Сенатор. Албумот се состои од 8 песни, повеќето со авторски текст и аранжман на Мики, но дел од нив и во соработка со неколку автори и продуценти од земјава, за кои може да прочитате во самиот албум. Во секој случај, албум кој претставува вистинско освежување на фолк естрадата и во чии песни секој може да се пронајде и ужива.

Leave a Reply