Симпатични, срамежливи ,распеани и се нај нај за најмалите натпреварувачи во третата сезона од македонското талент шоу. Денеска ќе ги видиме подледните нивни настапи пред големото финале кое е закажано за 9 јули. Давид Неданоски од Ресен, и битолчанчињата Ѓорѓи Терзијески , Дамјан Кондоски Теодор Николовски и Огнен Радуловиќи во овој круг беа фантастични.Според одлуката на ИН Продукција сите деца одат директно во финале, не само заради талентот кој го имаат туку и како поддршка кон нивната љубов за македонската песна и музика. Жири комисијата во која беа Ирена Спасовска иЈуле и Гац Николовски беше воодушевена од овие кандидати и едногласно добија позитивни коментари и аплаузи. Најголем аплауз имаше за сестричката на најмалиот кандидат Дамјан Кондоски која има само 4 години. Таа дојде спонтано на сцената при настапот на нејзиниот брат а што и како се случи понатаму гледајте денеска на ИН ТВ во 14.00 и 4 часа подоцна на ТВ Сонце. Главниот организатор на шоуто Ване Петкоски и неговата продукција на големо работат околу сцената на отворено за полуфиналето кое ќе се снима во понеделник и вторник. Поканети се сите кои сакаат да бидат дел од овие емисии и со своето присуство да дадат поддршка за нивните фaворити.
Leave a Reply