Зациментирано полуфинале уште за неколку кандидати

Млади,  распеани талентирани, среќни на сцена и тие и публиката , а жирито со зборови кои сака да ги слушне секој натпреварувач. Во сабота на ИН ТВ оди уште една четвртфинална емисија од македонското талент шоу во која ќе се изнаслушаме добро пеење. Јасмин Идризовиќ од Скопје, Шеип Исаковски од Подгорци, Викторија Стојаноска од Прилеп и Стефан  Младеновски од Куманово се последните кандидати кои пееја за полуфинале. Во жири комисијата ќе ги видите почитуваните уметници Ирена Спасовска која со нејзината духовитот секогаш знае да ја насмее публикатао и брачниот пар Јуле и Гац Николовски кои на кандидатите им посочија на што треба да внимаваат за да бидат уште подобри. Јуле како и секогаш беше расположена за песна, а ни откри и дел од нејзините планови кога е музиката во прашање. Од ИН продукција најавени се термините за снимање на полуфиналните емисии и двете финалиња со малите и повозрасните учесници.Сите ќе се реализираат на летната тераса на хотел Престол од каде се гледа најубавата вода на светот Охридското езеро. Капацитетот е за околу 1000 , а добредојдени се сите кои сакаат да бидат дел од завршницата на третата сезона на македонското талент шоу.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*