БИБЛИСКИ СТУДИИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА МЛАДИНА НА АВСТРАЛИЈА

31 мај 2024 година, Сиднеј, Австралија – Во организација на Македонската православна младина на Австралија во Сиднеј, а во соработка со отец Гаврил архимандрит австралиски беше организирано предавање за православната етика и историја.- Му благодариме на отец Гаврил за неговиот говор, синоќа беше неверојатно, сите научија многу. Му благодариме што ни понуди повеќе од неговото драгоцено време за дополнителни библиски студии во текот на месецот со теми што можеме да ги избереме. Ако некој сака да организираме тема, ние тоа ќе сториме, јавете ни, – изјавија од претседателството на Македонската православна младина на Австралија.Во организација на Македонската православна младина на Австралија во Сиднеј секој последен четврток во месецот се одржуваат вообичаени сесии.Во месец мај завршена е темата “Правилно познавање на православната вера и живеење”, а за месец јуни предвидени се предавања на тема “Божествената Литургија“.Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки за активностите на Македонската православна младина на Австралија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*