Голем концерт на “Тимот од соништата”

Групата која 25 години во континуитет работи , создава, патува, забавува  музичкиот бренд ” Дрим Тим” за својот четврт век на публиката, на своите обижаватели ќе им посвети концерт . Ова пред гледачите на ИН ТВ го сподели Александар Ангелов, кларинетистот и еден од најмаркантните ликови од групата,  при неговото гостување во македонското талент шоу. Тој не откри многу детаљи само најави дека концертот се планира за месец ноември и ќе се одржи во Скопје. “Дрим Тим ” од своите почетоци до денес доживеа промени во составот , а моментално зад бендот се потпишуваат врвните артисти  Коки Коцев, Александар Ангелов, Ангел Ќосев, Гоце Илиоски, Дејан Николоски – Чуле и Димитар Митровски. Честитки за јубилејот и посакуваме со концерт да одбележат и свои златни 50.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*