Почина познатиот македонски пејач – колегите се простуваат од него на социјалните мрежи

Естрадата, но и македонската јавност се во тага и неверување, откако почина пејачот за кого сите велеа дека има златно грло.

Колегите се простуваат од македонскиот пејач и музичар Златко Милошевски – Злате.

Тој соработуваше со бројни познати имиња од домашната естрада која со шок и неверување ја прифати веста за неговата смрт.

„Кога би знаеле што не’ чека и што ќе се случи, можеби би можеле да промениме нешто.. Остана само да се сеќавам на убавите денови поминати со музика и дружба.. Многу боли.. Таму горе да пееш со тоа златно грло, да грмиш како што грмеше и на нашите свирки.. Нека ти е светол патот до вечноста“, напиша на „Фејсбук“ пејачката Милица Кузмановска.

Популарниот Злате веќе имал закажано настапи до крајот на месец јануари, како и за февруари.

Причината за смртта не е позната во јавноста.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*