Македонското талент шоу не е само телевизиска содржина , неговата цел е од најмало до највозрасно катадневно да ја живее македонската музика и песна
Го почитуваме туѓото , го сакаме и се бориме за своето, ова е мотото на постоењето на Македонското талет шоу во кое непознати учесници имаат можност да го покажат својот талент за македонска песна и музика. Во студиото на ИН ТВ и оваа недела се реализираа уште 4 нови емисии кои гледачите ќе можат да ги следат во наредниве 4 викенди. Весело, распеано, насмеано така е на сите снимања без оглед дали кандидатите се деца или повозрасни. Едно нешто е заедничко за сите нив а тоа е љубовта кон македонската песна. Во премиерната саботната емисија тројцата кандидати доаѓаат од 3 града од нашата сакана Македонија, Куманово, Штип и Прилеп. Стефан Младеновски 29 години од Куманово војник во АРМ, оженет ,татко на 2 деца. Музиката ја сака од дете , кога не и служи на армијата ги весели сите со својата песна.
Славица Танева-Анева 49 годишна штипјанка .Професор по македонски јазик и книжевност.Мајка на 3 деца, уметничка душа која пее со хор и свири на флејта.
Даниел Велкоски 37 години од Прилеп.Пеењето пред публила не му е новина, бидејќи неколку години настапува пред своите сограѓани. Освен што пее Даниел свири и хармоника.
Што и како испеаа , дали ги освоија гласовите на жирито во кое беа Ирена Спасовска Мендо Ташковски и Митко Колјушевски дознајте на 27 јануари кога ќе се емитува најновата емисија.
Професор по македонски јазик и книжевност.Мајка на 3 деца, уметничка душа која пее со хор и свири на флејта. Даниел Велкоски 37 години од Прилеп.Пеењето пред публила не му е новина, бидејќи неколку години настапува пред своите сограѓани. Освен што пее Даниел свири и хармоника. Што и како испеаа , дали ги освоија гласовите на жирито во кое беа Ирена Спасовска Мендо Ташковски и Митко Колјушевски дознајте на 27 јануари кога ќе се емитува најновата емисија.
Leave a Reply