
Од она што досега можевме да го видиме во Третата сезона на македонското талент шоу , натпреварувањето носи интресни кандидати и неколку новини. Последната од нив е можноста да се натпреваруваат и деца до 14 години. Како што информират од ИН продукција која е организатор на шоуто , ова е направено заради големиот интерес на деца на оваа возраст. Од материјалите кои ги добиваат од родителите на децата, може да се слушнат деца кои се талентирани, музикални и ја сакаат македонската песна, што е и целта на ова шоу. Овие натпреварувачи пред жири комидијата и публиката ќе се претстават исто така со 2 песни, забавни или народни. Можност за учество ќе им се даде и на децата кои свират на некој инструмент. Првата емисија со децата до 14 години ќе се снима на 25 декември а премиерно на ИН ТВ ќе оди по емитување на специјалните новогодишни и божиќни емисии. Пријавувањето е до 01.01.2024 на официјалната ФБ страна на македонското талент шоу.

Leave a Reply