Македонија збогатена со уште едно духовно светилиште, поставен камен темелникот на Св.Недела во охридското село Свиништа.

Селото Свиништа, кое е витински рај за очи и мелем за душа, се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Охрид, во преминот на Петринска и Плаќанска планина на патот Охрид-Ресен. Ова село како и сите други села во Македонија има свое богатство кое се крие длабоко во срцето и душата на секој оној кој потекнува од ова село.

Кај мештаните од ова село познато е дека на свој автентичен начин живеат и ги празнуваат најзначајните православни христијански празници, според народните обичаи во помала или поголема мера се негувале уште од прастари времиња. Минатата година , со благослов на неговото високо преосвештенство митрополит г. Тимотеј, беше поставен  камен темелник на новото духовно светилиште во ова село,  за изградба на Храм посветен на Св. Недела. Во деветнаесеттата недела по педесетницата и на празникот на Св.Теофил Струмички и на Св. МЧ-ЦИ. Евлампи и евлампија, свештеникот Оливер Димитров изврши осветување и положи камен-темелник за изградба на храм поставен на Св.вмч чка. НЕДЕЛА, во село Свиништа, Охрид. Чинот на осветување се извршува во годината кога поглавар на Македонската православна црква Охридска Архиепископија е неговото блаженство митрополитот скопски и архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијанска Прима Г.Г Стефан. Претседател на Република Македонија е г-дин Стево Пендаровски, градоначалник на општина Охрид е г-дин Кирил Пецаков, а парохински свештеник е Оливер Димитров. Имено, храмот ќе се гради по иницијатива на г-дин Александар Стојаноски од Свиништа, како и по иницијатива на црковниот одвор од селото,  а истиот ќе се гради со донации на месното население и на сите добронамерни верници од пошироката околина. Со цел реализација за изградбата на овој Храм упатуваме апел за донација до цела македонска јавност и сите верници со цел да се помогне за изградбата на ова ново духовно светилиште. Донација
ANZ: BANK BSB- 013422 ACCOUNT NUMBER -336102895

Подготвил: Елена Ристеска

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*