Волкановски по петти пат ја одбрани титулата во УФЦ

Александар Волкановски ја одбрани титулата во перолесна категорија на УФЦ по петти пат во кариерата. На настанот „УФЦ 290“, Волкановски победи со нокаут во четвртата рунда против Мексиканецот Јаир Родригез.

Австралискиот борец беше подоминантен во првите две рунди, третата беше добра за Родригез, но потоа дојде до прекин во четвртата. Волкановски го притисна противникот, а потоа го фати и го фрли на грб и борбата ја заврши со удари на подот.

Австралиецот, кој има 34 години, сега има биланс од 26 победи и два порази во кариерата и е апсолутна легенда во перолесна категоријата на УФЦ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*