ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА

Литературното друштво “Браќа Миладиновци“ кое работи во состав на црковната општина „Св.
Климент Охридски“ во Торонто ја организираше културната манифестација ,,Денови на
Македонската литература и култура,, во Торонто. Свечениот банкет се одржа на 13 мај 2023
година во големата банкетна сала на црквата каде што беше поставена изложба на македонски
книги, предмети од богатото македонско културно наследство, апстрактни уметнички ликовни
дела од Зоран Карапанчев и цртежи од познатиот македонски уметник
Живко Поповски Цветин.
-Литературното друштво ,,Браќа Миладиновци е формирано на 6 март 1987 година. Првата
литературна вечер, ја одржа во мај 1987 година по повод 126-годишнината од излегувањето на
познатиот Зборник на браќата Миладиновци и во чест на формирањето на друштвото.
Потоа на 1 јули 1989 година Друштвото ја печатеше првата публикација “Литературна мисла”. Во
првиот број на ова списание се застапени сите членови на друштвото со по една песна. Вториот
број на “Литературна мисла” излегзе од печат следната година, а во него членовите на друштвото
се застапени со по неколку песни. Третиот број се појави во 1990 година, а во септември 1991
година, четвртиот број. Истата година излезе од печат книгата поезија на членовите на ова
литературно друштво под наслов “Траги во времето”, а во 1993 година делото под наслов “Глас од
далечината”. Во 2001 година излезе од печат стихозбирката “Мостови”, во која сите членови се
застапени со повеќе песни, (според пишувањата на Славе Катин).
Литературното друштво “Браќа Миладиновци” од 1989 година се јавува и како организатор на
“Деновите на македонската култура и литература” во Торонто. Оваа манифестација се одржува во
мај секоја година, на која учествуваат и гости од Македонија. Годинашната специјална гостинка од
Македонија професор др. Виолета Ачковска за жал не беше присутна на банкетот од оправдани
причини, но до Македонците испрати силни сплотувачки пораки кои беа проследени пред
љубителите на убаво напишаниот збор..


На самиот почеток гостите ги поздрави претседателот на црковната управа во македонската
православна црква Св. Климент Охридски во Торонто Борис Стоикос кој им посака срдечно
добредојде. Веднаш по него, во име на друштвото претседателот на ,,Браќа Миладиновци,,. Зоран
Карапанчев проговори за важноста на постоењето на македонскиот литературен јазик и
македонското кирилично писмо, за историското дело на браќата Кирил и Методиј со создавањето
на глаголицата и ширењето на писменоста, како и за важноста на ширењето на македонскиот
литературен јазик во дијаспората преку отварање училишта по македонски јазик, како и
востанување македонски библиотеки во црковните општини. Потпретседателката на друштвото и
поранешен претседател Драгица Димовска ги претстави членовите на друштвото, кои прочитаа
дел од своето творештво.
Со свои творби се претставија Благица Дафовска, Рада Видиновска, Каролина Ристеска, Магдалена
Иваноска која прочита поема од авторот Зоран Иваноски придружувани од нежните музички
акорди на акустичната гитара на Марко Матески.
На прославата на ,,Деновите на Македонската култура,, настапи и неделното училиште
раководено од учителката Снежана Тешовиќ кои поединечно интерпретираа македонски
песнички што наиде на воодушевување кај публиката.

За животот и делото на светите Кирил и Методиј говореше парохискиот свештеник во МПЦ Св.
Климент Охридски во Торонто Александар Тодоровски.Вечерата беше благословена од
свештените отци: Сашо Целески од црквата домаќин, како и Александар Тодоровски и Горан
Рисетски од МПЦ Св. Димитрија Солунски од Маркам.
Банкетот во чест на ,Деновите на Македонската литература и култура,, во Торотно предизвика
интерес кај пошироката македонска јавност и истиот беше посетен од бројни друштва и
асоцијации, како и од управите на македонските православни цркви во Канада кои испратија свои
претставници.
Следуваше забавен дел со музичките уметници Соња и Оливер, Менде Куновски и Стив
Штуревски.
Многумина ја збогатија својата домашна библиотека со книжевни дела од повеќе македонски
автори кои таа вечер можеа да се купат.
Соња Лозановска.

.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*