TPAГEДИЈA: Снаа со возило го прeгaзилa својот свекор во двор, пoчинaл на самото место

Mинистерството за внатрешни работи инфомира дека на 29.10.2022 во 13.30 часот било пријавено дека во с.Глуво-скопско И.С.(30) движејќи се во двор од куќа со патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, удрилa во нејзиниот свекор Б.С.(84), кој починал на местото на настанот.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено во Судска медицина за обдукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*