ГОГО СЛАВЕСКИ – МАКЕДОНСКИОТ ВОИН

✍️

ГОРЈАН „ГОГО“ СЛАВЕСКИ е храбро момче кое потекнува од од населбата Ѓорче Петров. Свесен дека нашата држава не може да му ги понуди потребните услови за добар развој, на само 19 години ја напушта татковината и се сели во Америка.

🗣

„Се решив да заминам од Македонија на 19 години поради тоа што сакав да успеам со боксот. Видов кои се можностите во нашата земја. Првата борба ја имав во Аљаска и може да се каже дека ми е една од најзначајните. Иако за некој тоа е само една обична борба, без техника и квалитет, како „имигрант“ мене таа борба ми беше од големо значење.

✍️

Тој во Америка кариерата ја гради со професионален бокс. Бележи големи успеси и во моментов е носител на европската титула од УБФ (Универзална Боксерска федерација).Во моментов Славевски е на нов предизвик. Настапува во БОРБИ БЕЗ РАКАВИЦИ. Во моментов е на ТРИ ПОБЕДИ од исто толку борби.

🗣

„Мојата цел во борбите без ракавици е СВЕТСКАТА ТИТУЛА. Кога ќе ја остварам таа цел, се враќам на професионалниот бокс“.

✍️

Го прашавме околу тоа дали тој е подготвен да биде дел од репрезентацијата на Македонија и да ја претставува нашата земја на Олимпијадата.

🗣

„Бев дел од репрезентацијата на Македонија, имав еден неуспешен настап лани и сфатив дека иако си сам во рингот, потребно е да имаш тим, организација, структура на тренинзи и настани за да се постигне било каков успех на Светско ниво. Македонија тоа за жал го нема. Сакав да одам на Олимпијада и да ја претставувам Македонија, но нашите услови се такви и не може без соодветни спаринзи и финансиски придонес да се споредуваме со држави моќници кои цврсто стојат зад своите спортисти.

✍️

Славески во моментов живее во Мајами. Илјадници километри е одалечен од дома. Од своите пријатели, своето семејство. Сепак, потенцира дека во Америка не се чувствува како странец и дека поддршката од пријателите и фамилијата – многу му значи.

🗣

„Многу ми значи поминатото време со најблиските. Мојата фамилија и пријатели се мојата главна мотивација“.

✍️

Иако не живее во Македонија, Славески е ГОРД МАКЕДОНЕЦ.

🗣

„Ја сакам државата и сум горд на тоа што сум Македонец, без оглед на нашата неуспешна политика. Ние сме народ поделен на луѓе со воинствени гени и синдром на предавник. Јас сум дефинитивно од првите“, го заврши интервјуто Славески.

689Why Not, Jack Daniel & Story Band и 687 други33 коментари13 споделувањаМи се допаѓаКоментирајСподели

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*