Пендаровски: Македонци во Бугарија постојат, но ние како држава нема да мешаме и да ги помагаме нивните права

Претседателот Стево Пендаровски во емисијата 24 анализа рече не треба да бараме од никого и не бараме од никого да не признае како нација.

– Ние знаеме кои сме и што сме и не треба признание од никого кои сме и што сме. Македонци во Бугарија постојат, а дали ние како држава ќе се мешаме да ги помагаме нивните права, не. Правило број 1 во меѓународно право и политика, член 2 од повелбата на Обединетите нации важи за сите држави во светот, членки на ООН. Нема мешање во внатрешните работи на државата. Тие се бугарски државјани, граѓани на Бугарија и кога ќе ги исцрпиш сите правни механизми во твојата држава, после одиш во Стразбур. Македонската држава никогаш не се обидела да ги буцка и провоцира и да им дава помош. Тоа се решава на индивидуално ниво. И Бугари постојат во Македонија и јас сум надележен, нашите судови и министерства се надлежни за нивните права. – рече Пендаровски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*