Заев: Го продолживме делото на борците кои од своите животи направија оружје за слобода и ни дадоа сила да ја направиме нашата татковина еднаква со другите прогресивни демократии

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за здравство д-р Венко Филипче положи венци свежо цвеќе пред спомен обележјето на зградата на некогашниот полициски участок во Прилеп, со што започнаа дводневните свечености по повод 80 годишнината од народното востание и државниот празник 11 Октомври, кои денеска и утре ќе се одржат во градовите херои Прилеп и Куманово, и во Скопје.

Свечената програма за одбележување на значајниот јубилеј и во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание, потоа продолжи на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, во рамките на која со обраќања пред присутните гости од земјата и од странство се обратија претседателот на Владата Зоран Заев, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на Борците од НОАВМ 1941-1945, д-р Никола Стојановски и градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.

Со честитките за празникот и желбите за вековита држава и почит кон делото на борците од народно-ослободителната војна, премиерот Заев истакна дека 16-мината младинци кои на 11  октомври во 1941 година во Прилеп презедоа диверзантски акции со кои го означија почетокот на народното антифашистичко востание и создавањето на самостојна македонска држава, и за таа цел сопствениот живот го направија оружје за таа идеја, затоа што знаеја, затоа што видоа, затоа што препознаа, дека слободата, правдината и државата се на чекор до остварување.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*