Никој не разбра ЗОШТО ИМАМЕ ПОМАЛКУ ЖИТЕЛИ ОТКОЛКУ ГЛАСАЧИ?!

Според директорот на Државниот завод за статистика во Македонија има 2.400 резиденти, одноно македонски државјани па затоа сме имале 1,8 милиони гласачи. Но, пописот покажа дека државава има околу 1,85 милиони државјани, исто колку и гласачи… Каде ги најде Заводот дополнителните 600.000 државјани кои, како малолетни, немаат право на глас – никому не е јасно.

Пописот и избирачкиот список се сосема различни евиденции, вели директорот на ДЗС, Апостол Симовски во гостувањето на емисијата „360 степени“.

Според него, едната евиденција се базира на административна евиденција на државјани во Македонија, од која оние што се полнолетни и се делумно способни, имаат право на глас.

-Тоа со пописот нема допирна точка. Целта на пописот е сосема поинаква. Лицата се поинаку дефинирани. Таа база на државјани е околу 2 милиони и 400 илјади жители, информира Симовски за разликата меѓу пописот и бројката на избирачкиот список.

Согласно официјалните резултати, имаме 1.832.696 попишани лица, а според избирачкиот список 1.824.864 гласачи.

Во однос на бројот на лицата што одбиле да се попишат, тој вели дека тоа е помалку од еден промил, односно ако се земе во предвид дека промил значи околу 2000 лица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*