Охрид блеска во боите на ретките болести (Фото/Видео)

Самуиловата тврдина, Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, Античкиот театар, црквата
„Св. Софија“, Историскиот архив, скулптурата „Фаќач на крст“…
Ова се само дел од објектите и локациите кои блеснаа во знак на поддршка на РЕТКИТЕ, како дел
од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која оваа година го има своето трето по
ред издание.

  • Оваа година за Денот на ретките болести 2021 година ги повикуваме сите да и помогнат на
    заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет. Како и секоја година,
    така оваа се приклучуваме кон глобалниот повик на Еурордис за осветлување на локални и
    национални згради и споменици. Сите знаеме дека изминатата, но и почетокот на оваа година
    поминува, во светлото на COVID-19. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од
    симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Ве повикуваме да ни се
    придружите, осветлете некој објект или дајте ни ваш предлог за илуминација на некоја зграда,
    споменик и слично. Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици, го зајакнуваат
    меѓународното влијание, порача иницијаторот на кампањата, охридскиот активист Гордана
    Лолеска.
    На почетокот на месец февруари беше одбележан стартот на кампањата „Ги запознаваме ретките
    болести“, која оваа година ја бележи третата сезона. Со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и
    текстуална форма, во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки
    болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се
    обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*