МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР ВО НИРНБЕРГ: Фолклор, традиција и музичка магија за 8 Март со Стефче Стојковски

Во чест на жената, љубовта и македонската традиција, Македонска фолклорна група Нирнберг со голема чест ги поканува сите љубители на добрата музика и автентичниот фолклор на незаборавна свечена вечер посветена на Денот на жената – 8 Март.

Настанот ќе се одржи на 7 март 2026 година, а публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со душа, емоција и звуци што ја раскажуваат приказната на Македонија, далеку од татковината, но блиску до срцето.

Посебен гостин на вечерта ќе биде светски познатиот македонски народен уметник и виртуоз Стефче Стојковски, амбасадор на македонската фолклорна музика, кој со кавал, гајда, зурла и други традиционални инструменти со години ги оживува звуците пренесувани од колено на колено.

🎶 Музичка програма во живо:

Публиката ќе ужива во вистинска музичка магија со:

  • Игор Котески – тапан и вокал
  • Веселин Илиоски – клавијатура и вокал
  • Стефче Стојковски – кавал, гајда, зурла и други народни инструменти

Настанот дополнително ќе го збогати и Македонска фолклорна група Нирнберг, која ќе се претстави со ора од сите краишта на Македонија, носејќи ја богатата историја и традиција на македонскиот народ.

За спомен од оваа посебна вечер, организаторите најавуваат и професионално фотографирање со тематски декор, во соработка со MK Photography, затоа што убавите моменти заслужуваат да бидат засекогаш зачувани.

📅 Детали за настанот:

🗓 Датум: 07.03.2026
🕕 Време: 18:00 часот
📍 Локација: Moorweg 10, 90592 Schwarzenbruck

🎟 Влезници:

  • Возрасни: 20 €
  • Деца од 10–16 години: 10 €
  • Деца од 0–9 години: бесплатно

⚠️ Местата се ограничени – резервирајте навреме!

📞 Резервации и информации:

  • Игор: 01522 7521098
  • Дејана: 01577 3267064

Организаторите најавуваат вечер исполнета со традиционална македонска музика, ора, радост и храна за сечиј вкус, и ги покануваат сите заедно да слават, пеат и играат – во чест на жената и во чест на македонската традиција 🌹

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*