Денес својот роденден го слави еден од најпознатите и најуспешни македонски менаџери во дијаспората – Хари Сековски, човек кој веќе повеќе од две децении успешно живее и работи во Швајцарија, а по потекло е од Прилеп.

Хари Сековски зад себе има богата и респектабилна кариера во музичката индустрија, каде што со својата професионалност, визија и посветеност се вбројува меѓу најуспешните менаџери во Швајцарија. Во текот на годините, тој соработувал со најголемите балкански музички ѕвезди, организирајќи концерти, турнеи и големи музички настани кои останале запаметени кај публиката.
Но, и покрај соработката со етаблирани имиња, Хари никогаш не ги запоставува локалните бендови и помладите изведувачи, на кои им дава поддршка и можност да се докажат на сцената. Токму поради тоа, тој ужива голем респект и доверба, како кај уметниците, така и кај организаторите и публиката.
На овој посебен ден, му упатуваме искрени роденденски честитки со желби за добро здравје, уште многу успешни проекти, нови соработки и континуиран успех во кариерата.
Среќен роденден, Хари Сековски! Нека и понатаму со ист жар и професионалност ја градиш својата успешна приказна! 🎉👏

Leave a Reply