БОМБА ОД РЕКЛАМА! Надал и Барти во новиот спот на КИА – „македонскиот мермер“ ги разбеснува Грците во Австралија!

Новата реклама на КИА Австралија за најновиот модел теренец „Tasman ute“ ја запали грчката заедница во Австралија! Наместо само модерно возило, спотот донесе и политички земјотрес!

Во рекламата се појавуваат спортски икони како шпанската тениска легенда Рафаел Надал, австралиската шампионка Ешли Барти и Питер Даикос – ѕвездата на австралискиот фудбал со гордо македонско потекло од с. Баница, Леринско, Егејска Македонија.

Но тоа не е причината поради која спотот предизвика бес. Во еден од кадрите, покрај столбови во стил на Партенон, се појавува натписот: „Македонски мермер“ – со пофалба за „прекрасниот македонски мермер“. Тоа, за грчко-австралијците, беше недопустливо мешање на „грчкото наследство со спорна терминологија“.

Претставници на грчката заедница ја нападнаа КИА Австралија обвинувајќи ја дека ги заматува историските факти, го крши духот на Преспанскиот договор и ја навредува нивната национална чувствителност. За нив, поврзувањето на Партенон со „македонски“ било „културна злоупотреба“.

‼️ Но, дали рекламата згреши?
Многумина сведочат дека мермерот што се гледа во рекламата е истиот сивкаст мермер од Прилепските рудници – иронично, денес сопственост на грчки компании. Сличен токму на оној што се користи и во реновирањето на самиот Партенон во Атина! Значи – факт, мермерот е македонски, уметноста е хелинска. Кој кого навредува?

Оваа ситуација фрла ново светло врз т.н. „решени спорови“ од Преспанскиот договор – договор кој сè повеќе изгледа како мешавина од дипломатски фрустрации и еднострана историска амнезија.

🇲🇰 Македонскиот мермер стигна до Партенон – и до КИА.
А за некои – тоа е камен на спотек.
А за други – тоа е камен темелник на гордоста.

П.С. Ако досега се двоумевте за нова кола – Tasman ute не е само моќен, туку и идеолошки исправен избор! 😎

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*