Се снимаат нови епизоди од „Имат немат“ – спектакл со познати ѕвезди и музички премиери

Во Охрид се снимаа нови епизоди од популарното музичко шоу „Имат немат“, кое ова лето ветува уште поголема доза музика, емоции и патриотизам. Покрај водителите Занко и Тетинот, специјални домаќини во овие емисии беа и членовите на една од најпопуларните групи во Македонија – група Круна, кои ги придружуваа сите изведувачи со својот врвен музички настап во живо.

Гоце Петрески, поранешен член на групата Опус, имаше емотивен настап со две свои нови песни, а публиката со воодушевување ги прифати и неговите добро познати евергрини „А јас останав“, „Три кила банани“ и „Мангупче“, сите изведени во живо со Круна.

Василија Петрова и Сања публиката ги награди со голем аплауз за нивната изведба на две македонски класики, како и за новата песна на Василија – „Ти ми требаш“.

Група Круна настапи со сплет од македонски песни, но премиерно ја промовираа и новата патриотска песна која наиде на одличен прием.

Саит Идоли изненади со староградска изведба, една новокомпонирана песна и изведба на малку подзаборавената „Кому сум крив животе“.

Дани Даниела маестрално ја донесе „Никој ме нема така љубено“, додека Сандра Милковска промовираше своја нова песна.

Лоренцо настапи со стара песна, но и со премиера на песна посветена на неговиот роден крај.

Зоран Далчески овојпат се претстави во сосема ново светло, а Лазе Јанкуловски ја исполни емотивната „Мајка“.

Александар Талевски ја промовираше својата најнова песна, изведена во живо со придружба од Круна.

Гостин од дијаспората, Петар Дамчевски од Мелбурн, настапи со нова авторска песна, додека Орхан Роки ја претстави својата нова инструментална композиција – оро кое го подигна духот на сите присутни.

Емисијата „Имат немат“ уште еднаш докажа дека е синоним за автентична македонска музика, квалитетна програма и незаборавни моменти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*