
Петар Дамчески од Мелбурн, Австралија, е млад и талентиран фолк пејач со длабоки корени од Охридскиот крај. Иако роден далеку од татковината, уште од мали нозе Петар ја негува македонската традиционална музика, пеејќи и создавајќи песни кои го одразуваат неговото чувство на припадност и љубов кон Македонија.
Покрај неколку авторски композиции, Петар зад себе има и препеви на добро познати македонски народни песни. Пред две години сними две нови песни кои беа топло прифатени од македонската публика во дијаспората, а оваа година, престојот во Македонија го искористи за нови музички предизвици.

За време на неговата турнеја низ Македонија со фолклорното друштво од Мелбурн, Петар започна со снимање на два нови видеозаписи во соработка со продукцијата ИН. Едната од песните носи наслов „Дедовина“, а преку неа Петар искрено ги пренесува емоциите на носталгија, копнеж и љубов кон татковината. Видеоспотот, кој се снима на автентични локации, внимателно ги следи зборовите на песната и го прикажува секој момент со посебно чувство и почит.

Промоцијата на новите видеа ќе биде наскоро на програмата на сателитската телевизија ИН ТВ, каде македонската дијаспора ширум светот ќе може да ја проследи работата на ова младо, надежно име на фолк сцената.

Leave a Reply