Ресторан „Орфеј“ – ново лице, ист вкус, најдобри цени во Охрид!

Ако сте во потрага по место каде што се спојуваат вкусна традиционална храна, пријатна атмосфера и најповолни цени во градот – време е да го посетите ресторанот „Орфеј“ во Охрид, кој неодамна блесна со ново, реновирано и проширено издание!

Сместен на ул. Партизанска, позади Факултетот за туризам, овој ресторан е вистински скриен гастрономски бисер, што одамна го откриле странските туристи. Тие знаат зошто – ресторани на втора линија не значи втор квалитет, туку повеќе вкус за помалку пари.

🍖 Мени кое ќе ве врати во домашната кујна:
– Совршено печени скара специјалитети
– Традиционални јадења приготвени со љубов
– Свежи салати, гарнитури и богато мени по најприфатливи цени

✨ Просторот е модерно уреден, но со задржано традиционално охридско чувство, идеално и за семејни ручеци, и за групни вечери, па дури и за туристички групи.

📌 Немојте да плаќате скапо на првата линија покрај езеро – дојдете кај „Орфеј“ и ќе сфатите зошто вкусот, услугата и цената тука се совршено балансирани!

🔖 Посетете нè, пробајте еднаш – и ќе се враќате секогаш!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*