🎤 Македонскиот Елвис се враќа летово!

Зоран Далчески, или попознат меѓу публиката како Македонскиот Елвис Присли, и ова лето ќе ја израдува својата бројна публика во татковината. Иако последниве години живее и работи во Америка, Зоран не ја заборава својата родна Македонија – напротив, секое лето го користи за нова креативна енергија и музички проекти.

Оваа година, Зоран ќе биде дел од јубилејното издание на музичкото шоу „Имат Немат“, кое ќе се одржи во срцето на Охрид, пред платото на хотел „Палас“. Настанот ќе обедини повеќе од 20 естрадни имиња, а токму настапот на Далќески е еден од најочекуваните.

Но тоа не е сè – Зоран најавува и нова песна со видеоспот, која ќе ја промовира токму летово, заедно со својот препознатлив стил, шарм и енергија што ги воодушевува сите генерации.

🎶 Очекувајте вистинско шоу, многу емоции и враќање во златните години на рокенролот – со нашиот Македонски Елвис!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*