Охрид, Македонија – Убавините на ранохристијанската архитектура повторно блеснаа во историскиот град на Светлината- Лихнид
Културно-историските монументи на Македонија продолжуваат да ме фасцинираат и воодушевуваат. Охрид се соочува со нови откритија што говорат за богатата историја на регионот.
На локацијата „Зарчевци“, веднаш до познатата црква Света Софија, археолозите открија остатоци од ранохристијанската базилика, каде што се истакнуваат убавината на крстилницата, како и зачуваните подни мозици и ѕидови со фреско декорација. На соседната локација „Манчевци“ веќе е завршена конзервацијата и презентирањето на сегмент од претходно откриените мозаични подови, ѕидови, столбови и арки, кои заедно со новите откритија создаваат единствена целина.
Овие археолошки наоди не само што се неми сведоци на нашата историја и култура, туку и важен дел од идентитетскиот код на Македонија. Тие служат како инспирација за натамошни археолошки истражувања и поддршка на промоцијата на културното наследство пред домашната и меѓународната јавност.
Leave a Reply