– ТППЕ Охрид – Пожарна, од самиот почеток на шумските пожари, активно и посветено ги стави на располагање своите капацитети. Од Плаќенска-Илинска планина, па се’ до Косел, Опеница, Вапила, Расино, НП „Галичица“… На 6-ти август 2024 година, при гаснење на пожарот над селото Брежани, побарана е помош од НП „Галичица“ за пожар на самиот срт на планината, за кој веќе имавме информација дека е ликвидиран. При проценката на терен во селото Брежани, констатирано е дека пожарот е под контрола и поставени се екипи од ЈП „Национални шуми“ да извршат контрола на критичните точки. Истиот ден нашите екипи се упатуваат да пристапат со гаснење на пожарот во НП „Галичица“. Опасноста трае и наредните денови и пожарот неконтролирано се проширува источно кон Стење, северно кон планинарскиот дом, и западно кон месноста „Војтино“. ТППЕ Охрид при целосна проценка на опасноста, и имајќи предвид дека на западниот дел се оставени 2-3 ренџери од НП „Галичица“, еден војник од мно и еден параглајдерист волонтер, со своите екипи се стационира на овој потег. Целокупната акција на овој дел ја превзема ТППЕ Охрид, а при тоа ги мобилизира членовите на Добороволното противпожарно друштво „Ентузијаст Охрид“ од Дебрца, Доброволно противпожарно друштво „Повардарец“ од Неготино, заедно со неколку храбри ренџери од НП „Галичица“ (Тоше Сотироски“, ДЗС, останати волонтери и екипи на пограничната полиција (логистичка поддршка). Активни учесници во гаснењето од 20-30, поделени во групи со искусни професионални пожарникари, дисциплинирано ги следеа насоките на ТППЕ Охрид, информира Јанкулоски.
Тој додава дека имајќи во предвид дека бараната помош од механизација нема да пристигне (односно треба средства за истата), жителите на селото Љубаништа збираат средства се со цел механизацијата да започне со работа на втората линија од фронтот, а за истото добивме поддршка и од Градоначалникот на Општина Охрид.
– Наредните денови пожарот полека се става под контрола. На 18-ти август 2024 година, екипите уште во раните утрински часови беа поставени на зададените локации. Околу 10:00 – 11:00 часот пожарот на овој дел беше ставен под целосна контрола, а после тоа помогнаа и временските услови за целосно ликвидирање. Изминатиов период бевме сведоци на медиумски реклами од поединци, медиумско рекламирање на поединци како сами гаселе пожари во минатото, занемарена хиерархиска поставеност во вакви ситуации, односно без наша консултација пласирање на информации/дезинформации. Односно на видик се појави самоволието на некои поединци, од директори па се’ надолу, се’ со цел да се деградираат пожарникарите. За среќа, тоа не поминува. ТППЕ Охрид упатува благодарност до сите помагатели, особено до нашите храбри охридски професионални пожарникари, Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид кој постојано беше присутен на терен, ДПД друштва, армиски војници (доброволци), ренџерите од Националниот парк, пограничната полиција, локално население и сите оние волонтери, фирми и претпријатија кои на било кој начин дадоа придонес во гаснењето. Исто така упатуваме благодарност и до Горан Ангелоски кој со своите пријатели несебично пружеше помош на пожарот на Плаќенска планина и ако во одредени моменти беа оставени сами на себе. Ова е наше кратко видување за целата ситуација со пожарите. Се извинуваме ако некој се пронајде во ова писмо. Екипата го прави успехот, не поединци, стои во обраќањето до јавноста на командирот на ТППЕ Охрид Борко Јанкулоски.
Од ТППЕ Охрид Пожарна најавија дека преку надлежните институции ќе покренат постапка за разоткривање и санкционирање на сите чинители кои го злоупотребиле нивното име, за некакви броеви за донации каде наведуваат дека стапиле во контакт со нив.
– Како дел од Општина Охрид, немаме дадено никаква согласност за собирање за средства. Сите „воени профитери“ кои ја искористија ситуацијата додека пожарникарите гинеа по терените, ќе одговараат, потенцираат од ТППЕ Охрид
Leave a Reply