Митрополит Петар: Бараат во никаков контекст да нема „Македонија“ или „македонски“

Митрополитот Преспанско-Пелагониски Владиката Петар во интервју за емисијата „Аргумент+“ на ТВ24 вели дека за МПЦ-ОА била завршена работа дека условите од Вселенската патријаршија за издавање на томос – се неприфатливи.

Независно што одредени митрополити излегуваат во јавноста со поинакви тврдења, ние на пленарна седница на Синодот досега два пати застанавме зад овој став, а така очекуваме да биде и на претстојната пленарна синодска седница која се планира да се одржи кон крајот на јуни, вели владиката.

Владиката Петар во емисијата „Аргумент+“ говореше за 4 услови наметнати од Вселенската патријаршија: Нашата црква да не се нарекува Македонска Православна Црква туку само Охридска Архиепископија, во ниеден контекст да не се употребува името Македонија ниту изведенка од него, натаму за јуриздикцијата на епархиите во странство и за признавање на Православната црква на Украина за која ставот на МПЦ ОА е дека ќе се признае кога ќе ја признаат сите помесни православни цркви, а околу условот за името на МПЦ, ставот е дека двојна формула можеби би била најоптимално решение, Вселенската патријаршија да не нарекува како што сака а нам да ни биде оставено да си се нарекуваме како што сакаме.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*