Кој се новите ” патници ” во полуфиналето на македонското талент шоу а кој си оди дома ?

Оваа сабота на ИН ТВ гледаме уште една емисија во која тројца натпреварувачи максимално се вложија со својата песна да си обезбедат пласман во следниот круг поточно во полуфиналето. Во 24 емисија ќе ги видиме настапите на Христијан Алексоски од Прилеп, Даниел Велкоски од Прилеп и Тамара Ристеска од Охрид. Реакциите и коментарите на жирито горе-долу беа слични за впечатокот од настапот на кандидатите. Како оценувачи или советувачи од нашите уметници ќе ги видиме докторот на зурла Џељо Дестаноски, Орде Неделковски фронтменот на група “Круна” и проф. д-р Горанчо Ангелов-Гајда. Освен задачата како жири тие со својата песна и музика ќе ги поздрават гледачите на македонското талент шоу. Како реагираа кандидатите на одлуката на жирито и дали на сите тројца  им се оствари целта и желбата да го продолжат натпреварувањето ќе дознаеме утре , премиерата е во 14.00 на ИН ТВ, а  од 18.00 на националната ТВ Сонце. Во текот на неделата македонското талент шоу го превземаат и сите локални ТВ станици во Македонија. Според имформациите од првиот човек на ИН продукција која е организатор на шоуто, Ване Петкоски финалето ќе биде ноќ за паметење во која ќе ги слушнеме најдобрите кандидати  и многу наши артисти како гости . Истото ќе биде одржано непосредно пред почетокот на летото. За најуспешните светскиот бренд во изработка на камп приколки  “Маџестик караванс” кој е главен покровител ма шоуто, ќе има изненадувања и награди.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*